Почетна / Црна хроника / Ковид и друг билтен

Ковид и друг билтен

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот  (23/24.06) на ниво на СВР Штип на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 5 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 547 контроли кај лица во изолација и 101 кај лица во самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирарни се 39 прекршоци.

 

 

На 23.06.2020 во 19.42 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Мојанци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Н.(44) и И.Ј.(38) и двајцата од с.Мојанци. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 23.06.2020 во 12.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено  дека на автобуското стојалиште во с.Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица сите од с.Баница, струмичко, при што биле употребени и дрвени предмети. Од страна на полициски службеници на сите учесници во тепачката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *