Почетна / Црна хроника / Ковид 19 во полицискиот бележник

Ковид 19 во полицискиот бележник

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип две лица, од кои едно малолетно, не ја почитувале забраната за движење, при што земени им се податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие 16 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се 66 контроли кај лица во изолација и 200 кај лица во самоизолација.

 

 

На 23.04.2020 во 16.15 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека В.Б.(17) од Пробиштип на ул.„Тодор Александров“ во Пробиштип била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

 

На 23.04.2020 во 12.10 часот во Полициската станица Виница, вработен во музеј „Теракота“ во Виница пријавил дека во периодот од 18.02. до 23.04.2020, од страна на непознат сторител, биле оштетени камења од ѕидови на археолошкиот локалитет „Виничко кале“. Од страна на увидна екипа Виница бил извршен увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *