Почетна / Избор на Уредникот / Ковид 19 посети Дом за стари лица во Радовиш

Ковид 19 посети Дом за стари лица во Радовиш

Седум штитеници на домот за стари лица „Астреон“ се позитивни на корона вирусот, а има тројца вработени кои исто така се регистрирани со Ковид-19, потврди за Фактор, директорката на Центарот за јавно здравје Штип, д-р. Марија Димитрова,.Тројца од вкупно десетте кои имаат Ковид-19 се хоспитализирани, а останатите веќе се изолирани и постојано им се следи здравствената состојба, односно им се мери температура и сатурација вели  директорката на штипскиот Центар за јавно здравје, д-р. Димитрова. Директорот пак на Клиничката болница-Штип, д-р. Ален Ѓеорѓијев, потврди дека од домот за стари лица “Астреон“, од вкупниот број на заболени кои се позитивни на вирусот Ковид 19, двајца  од нив имаат потреба од хоспитализација. Едниот пациент е на возраст од 76 години, а другиот на 84 годишна возраст. Едниот од нив е со потешка клиничка слика, поради што е потребна кислородна подршка. Нивната здравствен состојба зазега не укажува дека е потребно да бидат ставени на респираторен апарат, вели д-р Ѓеорѓијев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *