Почетна / Бизнис / Кога обелувачи ќе ви ја кажат цената, веднаш ќе побелеете.

Кога обелувачи ќе ви ја кажат цената, веднаш ќе побелеете.

Летото е идеално време за чистење на домовите.Вообичаена работа семејства да се одлучат за обелување на просториите, и сега место некогашното единствено средство варта се користи средството кај народот познато како поликолор, со многу производни имиња.Но се се само тие, кога мајсторот што сте го викнале да ви обелува ќе ви ја каже цената на услугата, ведна побелувате.2.000 денари од соба, некои го вадат метрото, мерат, преметуваат квадратура  и по цена од 100 денари за метар квадратен почнуваат со работа.Поинаку кажано за обелување на спрат со четири простории и една две помошни ќе треба да платите 10.000 денари.Божемните мајстори по обелување, кои станале молери бидејќи останале без работа, дури не се ценкаат, токлу и здравје.И, нормало е сами да обелувате, ќе си набавите ваљаци, ќе купите поликолор, ќе го разредите со вода колку што пиал производителот, ќе раздигнете дома, ќе ги заштитите мебелот и покуќнината, и место за еден час, вие ќе поработите за два  една просторија, ама ќе заштедите цела штипска плата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *