Почетна / Спорт / Кочанчани најдобри краполовци во регионот.

Кочанчани најдобри краполовци во регионот.

Крапска риболовна екипа ‘Од рибарите за рибарите “од Кочани продолжи со  серијата на победи и во 2020 година. На натпреварот на вештачкото езеро “Трстија” во близина на населеното место Трсино (виничко), екипата “Од рибарите за рибарите” составена од Ненад Панов, Александар Наунов и Дарко Стојков го освои второто место со уловени околу 40 килограми риба (крап).
Купот беше организиран од Виничкото риболовно друштво “Крап Виница”, во кој традиционално учествуваат најдобрите екипи од Македонија. На натпреварот беа фатени вкупно 260 килограми риба,а најголема фатена риба тежеше 9,3 кг.       Кочанската екипа во 2019 година има освоено 5 први места 2 трети места 2 медала за најголема риба и едно прво место на кастинг купот на вештачкото езеро Паљурци, кое се наоѓа на 4км источно од градот Богданци.Екипата “Од Рибарите за Рибарите” лани има уловено повеќе од 1,5 тони риба по принципот фати пушти, има организирано над 10 натпревари и многу хуманитарни акции за помош на езерата во Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *