Почетна / Македонија / Кој кого трампал

Кој кого трампал

Струмичанец пријавил дека бил измамен и оштетен од сопственик на менувачница кому му дал 95.000 швајцарски франци во апоени од по 100 франци, за да му ги замени во апоени од по 1.000 франци, но сопственикот му заменил само 30.000 франци, а останатите  ги задржал за себе.

Според полицијата,  во СВР Струмица, А.П.(68) пријавил дека на 31 декември 2018 година, околу 11 часот отишол во менувачница во Струмица и на сопственикот му дал 95.000 швајцарски франци, кои биле во апоени од по 100 франци, за да му ги замени во апоени од по 1.000 франци. Сопственикот П.М. му заменил само 30.000 франци, а останатите 65.000 франци ги задржал и се уште не му ги вратил.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *