Почетна / Балкан / Кој ќе одбие тестирање, добива отказ од работа.

Кој ќе одбие тестирање, добива отказ од работа.

Словенија воведува строги мерки во пресрет на почетокот на учебната година, затоа што бројот на заболени од коронавирусот расте.

Вработените во училиштата ако не сакаат да се тестираат на коронавирусот ќе добијат отказ. Министерството за образование испрати писмо во кое информира дека вработените можат да добијат отказ ако одбијат да се тестираат.  Оние што прележале, имунизираните и тестираните треба да направат ПЦР тест, а тие што не се вакцинирани или кои не заболеле ќе мора секоја недела да се тестираат.

„Неоправданото тестирање ќе се смета за кршење на обврските од работниот однос, што значи дека вработените ќе добијат предупредување пред отказ или ќе се покрене постапка за отказ, а истото ќе важи и за вработените кои ќе одбијат да носат заштитна маска“, стои во писмото.

Доколку ученикот не носи маска не смее да му биде забранет влез во училница, но за прекршувањето ќе мора да бидат известени родителите и случајот да биде предаден на инспекцијата.  За изминатите 24 часа во Словенија се регистрриани 508 новозаболени, 98 пациенти се хоспитализирани, од кои 19 се на интензивна нега. Во целиот регион бројките на инфицирани растат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *