Почетна / Инфо / Коњ на патот!!!

Коњ на патот!!!

Коњ многу лесно можел да биде кобен за семејство од Делчево кое налетало на животното кое се појавило на патот.Синоќа 19.30 часот било пријавено дека на место викано „Студена чешма“, атар на с.Ветрен, делчевско, З.П.(38) од Делчево, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, удрил во коњ кој се движел по коловозот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.П.(31) и четиригодишно дете сопатник.Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *