Радио Штип
Свет

Кралска забрана за принцезата

Тајландската принцеза Уболратана Раџакања Сиривадана Барнавади (67) која се кандидираше за премиер мораше веднаш да ја повлече кандидатурата затоа што нејзиниот помлад брат, кралот Маха Ваџиралонгкорна ѝ забрани да учестува на изборите оценувајќи дека тоа е несоодветно и дека не е во согласност со традицијата на кралското семејство кое не се меша во политиката.

Партијата Тахсин Шинаватра соопшти дека ќе ја почитува одлуката на кралот.

Принцезата откако се кандидираше објави дека живее како обичен граѓанин затоа што се откажала од сите кралски титули, како и дека сака да го оствари своето право како обичен граѓанин и дека ќе работи искрено во корист на напредокот на сите граѓани на Тајланд.

Прицезата Уболратана  во 1972 година се омажи за Американец и се откажа од сите кралски титули. По разводот во 2011 година се вратила во Тајланд.

Слични Новости

Толку многу пушел што државата му ги зела децата

trajce jovanov

Руски град на мртвите

trajce jovanov

Поплави, крокодили, змии во Австралија

trajce jovanov

Leave a Comment