Радио Штип
Занимливости

Краткиот роман “Не паркирај гаража“ од Кацаров со наградата “Ванчо Николески“

Жири-комисиите ги донесоа одлуките за добитниците на традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија за книжевната продукција во 2018 година. На конкурсот распишан во текот на декември минатата година беа поднесени 61 книжевно дело во конкуренција за петте награди.

Според одлуките на комисиите за романот „Маџун“, Влада Урошевиќ ја добива наградата „Стале Попов“ за поетската збирка „Патот“, Виолета Танчева-Златева ја добива наградата „Ацо Шопов“ за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“, Лидија Капушевска-Дракулевска ја добива наградата „Димитар Митрев“ за краткиот роман за деца „Не паркирај, гаража“, Трајче Кацаров ја добива наградата „Ванчо Николески“ и наградата „Мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија ја добива Рифат Емин за поетската збирка Bi-nihauet („Без-конечно“) на турски јазик.

Комисиите работеа во состав: Лорета Георгиевска-Јаковлева (претседател), Кристина Николовска и Оливера Ќорвезироска (за проза); Владимир Мартиновски (претседател), Вања Изова-Велева и Благој Самоников (за поезија); Васил Тоциновски (претседател), Анастасија Ѓурчинова и Јагода Михајловска-Георгиева (за критика и есеистика); Киро Донев (претседател), Мито Спасевски и Фејзи Бојку (за литература за деца) и Гордана Стојковска (претседател), Октај Ахмед и Делвина Крлуку (за книга напишана на некој од јазиците на националностите во Македонија).

Наградите ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 13 февруари (среда) со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото во знак на одбележување на 72. годишнина од основањето на писателската асоцијација.

Слични Новости

“Фолк фест – Валандово 2019„- конкурс

trajce jovanov

Не само премиери, во штипскиот театар нема ни репризи

trajce jovanov

Брајан Сингерј остана без номинацијата

trajce jovanov

Leave a Comment