Почетна / Бизнис / “Лада – нива“ на електричен погон, и не е скапа!

“Лада – нива“ на електричен погон, и не е скапа!

Со оглед на тоа дека рускиот теренец секако е евтин, Германците не сакале премногу да го оптоварат буџетот на потенцијалните купувачи, па и конверзијата е повеќе од пристапна.

Наместо фабрички бензинец со 83 коњски сили, вграден е електромотор од 88 коњски сили.

Електричната енергија се чува во литиум-јонска батерија со капацитет од 30kWh, која е поставена таму каде претходно бил резервоарот за гориво.

Во компанијата “Elantrie” тврдат дека автомобилот е во состојба со полна батерија да мине меѓу 130 и 300 километри, во зависност од начинот на возење, теренот по кој се движи и временските и климатски услови.

Произведувачот наведува дека батеријата по 450.000 минати километри, или 9.000 циклуси на полнење, ќе задржи 80% од почетниот капацитет.

Електричната Нива има и некои практични содржини, како што е штекер од 220 V во багажникот, кој може да им послужи на камперите и авантуристите кои со ова возило ќе тргнат “далеку од асфалтот”.

Германската компанија докажала и дека електричниот автомобил не мора да биде скап, со оглед на тоа дека конверзијата чини околу 2.800 евра, доколку веќе поседувате Нива, додека вкупната цена на ова возило со вградени електрични компоненти е 19.900 евра.

За љубителите на евтини автомобили на струја, вреди да се нагласи дека истата компанија нуди можност за преработка на струја на моделот “Dacia Sandero”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *