Почетна / Избор на Уредникот / Легализација на Кула Вавилон

Легализација на Кула Вавилон

Тоа што Господ Бог го одреди да се сруши кулата вавилонска, го направи от причина што е Господ Бог, и што му здосади секумо да му укажува на недостатоците во градењето на кулата.Виде не виде Бог ја сруши до темел.Значи не ја легализира.Е сега власта на Северна Македонија, со шкрабаници, божемни измени на Законот за градба, сака сите кули вавилонски да ги легализира.Власта сака да покаже дека е над небесниот Господ Бог.

Тоа оваа власт  на мала врата, или утомо, подмолно  настојува да го протурка.Власта сака сите кули дивоградби вавилонски во Северна Македонија да ги легализира, а кои биле дивоизградени до 31.12.2018 година

Повеќе за власта не се цел терасите, шупите гаражите, па и нечии соби.Цел се големите крупните дивоградби, за кои биле потрошени милиони евра , а кои се граделе без никаква документација, или со градежни решенија, кои биле спротивно од тогашните закони.

И власта овaa , земјена нема намера да се откаже, иако е време кога закони нема да се носат додека не заврши изборот за претседател на месната заедница Северна Македонија.

Но кога ќе заврши оваа шкрабаница ќе се најде во собранието.Мнозинството на дизелаши нема да се посомневаат дека власта сака да биде Господ, па ќе гласаат оваа божем алтруистичка желб да стане реалност.

Тогаш во Штип пак со празни раце ќе останат 4.000 граѓани кои претходно не ги легализирале пријавените, тераси , гаражи шупи, куќи, но затоа со полни раце пари ќе бидат големците на и од власта.

Во Штип на тој начин ќе се легализира на пример една порта, која сеуште нема технички прием.

Ќе биде завршена дивата градба Пензионерски дом, иако има сериозни нарушување на законот за градба.

Ќе биде легализиран и трговскиот центар кој и пред 31.12.2018 година стана и официјално дивоградба.Власта не ферма ниту решенија на Управни судови, абе не ферма ниту решенија на Минстерството за транспорт и врски.

Е , ова е баш Год да чува.За инает на Господ ќе се легализира кулата Вавилонска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *