Почетна / Избор на Уредникот / Лекови со лична карта во секое време.

Лекови со лична карта во секое време.

Од утре стартува новата мерка на Фондот за здравствено осигурување со која се укинуваат квотите на лекови, со што граѓаните ќе можат да го подигнат потребниот лек од било која аптека во било кој ден од месецот. На овој начин, велат од Владата, ќе се спречи создавање домашни залихи од лекови кај пациентите кои се плашат дека може да го снема нивниот лек, но и ќе се спречат злоупотреби.

Како што појаснија денеска од Владата, можни злоупотреби ќе се спречат со поголема контрола. Лековите ќе можат да се подигнат само со лична карта, за Фондот за здравствено осигурување да ја следи потрошувачката во реално време.-Граѓаните ќе може да добијат лек од која било аптека секој ден и во секое време без разлика дали е почеток или крај на месецот. Нема да имаат потреба да создаваат домашни залихи.

Се елиминират турканиците кај лекарите и во аптеките во првите денови од месецот заради препишување рецепти, работата на лекарите ќе се поедностави. Ова подразбира и подобри услови за работа – изјави директорот на Фондот, Ден Дончев.Тој рече дека новиот електронски систем ќе овозможи еднакви правила за работа за сите аптеки и дека на овој начин се елиминира фворизирање на аптеките и спречување на конкуренција.Дончев додаде дека постарите лица, децата под 18 годишна возраст и болните кои не се во состојба да подигнат лекови, не треба да стравуваат, бидејќи нивните блиски ќе можат да го подигнат лекот во нивно име.Од Владата појаснија дека од сега ќе биде елиминирана горната граница на потрошувачката на лекови во аптеките и ќе нема лимит колку лекови може таа аптека да продаде на товар на Фондот.Од утре граѓаните кои сакаат да подигнат одреден лек ќе бидат легитимирани кај матичните лекари и во аптеките. Со ова ќе се овозможи следење во реално време на потрошувачката на лекови.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *