Почетна / Свет / Лек за епилепсија од канабис.

Лек за епилепсија од канабис.

ЕУ за првпат дозволи употреба на производи од канабис во медицински цели и тоа само за пациенти што страдаат од две ретки форми на детска епилепсија.

Се работи за епидиолекс – лек добиен од канабис што содржи канабидиол, главна состојка во медицинската марихуана.

Терапијата е дозволена во два случаи на детска епилепсија – синдром на Ленокс Гасто и синдром на Дравет, кои се тешки за лекување и можат да предизвикаат по неколку напади на ден.

Употребата на лекот сега е дозволена во Велика Британија и во други европски земји, но сè уште не е препорачана од британскиот Национален институт за здравство затоа што „нема докази за долгорочна ефикасност“. Лекот е на компанијата ГВ „Фармасеутикалс“ и може да се користи во комбинација со други лекови за епилепсија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *