Почетна / Избор на Уредникот / Летни колапси.

Летни колапси.

Во итната медицинска помош, усвитени телефони, особено приквечер.Јавуваат граѓаните за чести колабирања.Брзата помош, со оглед на условите доаѓа кога ќе пристигне.

Се случувало синоќа, како на хорор или фантастика филм, во исто време, на разни локации да колабираат граѓани, излезени да фатат ронка воздух или тоа што Господ го пушта низ вентилаторот.

Но,ниту божјиот вентилатор неможе да ги издува големите човечки глупости.Нач‘чкани едно до друго бетон и асфалт, акумулираат топлина, која вечерта ја испуштаат и која влегува во алвеолите на живите организми.

Некој ги пондесува тие испарување, некои не, и затоа се струполуваат од столовите во кафетерите ,од клупите на кои седат во паркот, или пак ќе се стркалаат како кегли на тротоарот на улицата ,на тревникот, или во дворот.Во такви услови и лекарите колабираат, асфалтот и бетонот заедно со усвитеното сонце, немаат милост…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *