Почетна / Црна хроника / Лихвар и неговиот син-ликвидирани

Лихвар и неговиот син-ликвидирани

Сокриени во темница, зад две дрва, убијците ја чекале својата мета, 47-годишниот кумановец Елам Селахи на земјен пат во атарот на селото Слупчане.

Околу 23 часот тој се појавил во автомобил со затемнети стакла. Во возилото бил и неговиот малолетен син. Ладнокрвно, со рафали, го изрешетале автомобилот и побегнале.

Жителите на Опае и Слупчане, вознемирани од истрелите ја повикале полицијата, која затекнала грозоморна глетка.

Увидот на местото траеше до пладне кога и беше подигнато возилото во кое беа убиените и однесено во Скопје на вештачење.

Најмалку дваесетина дупки од испуканите куршуми можеа да се видат на автомобилот и шофершајбната, како и траги од рафали испукани од двете страни на возилото.

Иако засега не е потврдено дека во Салахи и неговиот син е пукано од две оружја и од две лица, од обвинителството соопштија дека се подигнати голем број на испукани чаури од местото што потврдува дека убијците користеле автоматско оружје.

„ На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и наредба за вршење обдукција на телата на починатите“ – соопшти обвинителството.

Салахи кој е од селото Белановце, живеел во Опае. Не е член на криминалната група Беланоца, но давал лихва со високи камати и имал насилен карактер. Никој од соселаните не сакаше да говори пред камера, исто како и во соседното село Слупчане.

Сепак таму велат дека добро го познаваат Салахи и дека тој зел четири куќи и десетина нивни од луѓе на кои им дал пари.

Извори од МВР за „Телма“ потврдија дека тој имал дебело криминално досие. Два пати бил пријавуван за обид за убиство, бил фатен со нелегално оружје и нападнал полицајци.

Бил осуден на четиригодишна затворска казна која ја издржал.

Сепак кој е мотивот и кој стои зад за ладнокрвната ликвидација на кумановецот и неговиот син засега не е познато.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *