Почетна / Црна хроника / Лудило во Панчево (Србија):Поранешниот сопруг, до смрт ја избоде поранешната сопруга.

Лудило во Панчево (Србија):Поранешниот сопруг, до смрт ја избоде поранешната сопруга.

Петар М. (64) од Панчево денеска ја убил својата поранешна сопруга Десанка М.(60) во центарот на градот пред очите на десеетици минувачи.

Десанка им подлегна на повредите во болница во Панчево, а нејзиниот поранешен сопруг бил уапсен по нападот.

Десанка М. била прободена пред автобуската станица во Панчево, а нејзиниот поранешен сопруг се обиде да избега, но бил спречен од шоферите на локалното транспортно претпријатие. Тие го држеле убиецот додека да дојде полицијата.

Во исто време минувачите се обидувале да ја спасат жената, која крварела на улицата. Таа сепак, им подлегнала на повредите на вратот, но и на стомакот кога Петар со нож ја нападнал од грб.

Двајцата не живееле заедно бидејчи во тек била бракоразводна постапка, а Десанка живеела во Сигурна куќа, а тој имал забрана да и се доближува.

Убиецот, сепак, ја нашол сопругата и ја нападнал.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *