Почетна / Спорт / Македонскиот фудбал интересен како лански снег.

Македонскиот фудбал интересен како лански снег.

Прва фудбалска лига на Македонија е толку многу интересна, како што е интересен ланскиот снег.Ова го констатираше истражувачкиот спортски центар ЦИЕС, зашто во две третини од мечевите, кога домашниот тим ќе поведе практично победникот е познат. Ова истражување е спроведено во 92 земји од светот, околу ефектот „прв гол“ и дошле до заклучок дека во Македонија дури 73,2 отсто од мечевите на кои домашниот тим ќе поведе значи и победа. Со ова, македонската Прва лига е на 18-то место во истражувањето, а интересно во топ 20 нема ниту една врвна или сериозна лига од Стариот континент. Во истражувањето на мечеви од јануари 2015 до декември 2019, опфатени се 772 меча, од кои домаќините по водство од 1-0 победиле на 565 средби.Дека фудбалот е неинтересен, возбудлив и предвидлив, јасно отсликува дека меѓу „најдобрите 20“ се лиги од Балканот, од низа советски републики и лиги кои квалитативно се ептен далеку од вистинскиот просечен фудбал. Убедлива е Молдавија со 80 отсто од победи на домашните, следи Бугарија со 75,3, па Узбекистан со 75,1 отсто, а на листата се и Република Ирска, БиХ, Србија, Црна Гора, Казахстан, Естонија, Белорусија, Тунис, Литванија, Сан Марино, Грузија, Летонија, Албанија, Тринидад и Тобаго, Азербејџан, Либан, Малта…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *