Мал Ајакс од Штип цврсто е решен да се врати во Првата футсал лига. Синоќа, во 12 коло на Втората футсал лига на Македонија Мал Ајакс во дербито на колото ја совлада екипата на Карадаку од Липково со 3-2.Два гола постигна Стефан Штрков, а еден Бобан Цимисиќ. Со оваа победа, Мал Ајакс и „побегна“ на екипата на Карадаку за 5 бодови. Мал Ајакс има 28, а Карадаку 23 бода. Двете првопласирани екипи ќе станат нови членови на Првата футсал лига.
„Беше тоа мошне интересна игра, резултатот беше неизвесен се до крајот на средбата. Заслужено победивме. Честитки и за гостинската екипа, која е мошне хомогена и квалитетна. Гостите имаат и не мал буџет,околу 20 илјади евра. Ова е добро за футсалот…“- изјави првиот човек на Мал Ајакс , Влатко МАНЕВ
Штиски асови