Радио Штип
Спорт

Мал Ајакс и пред завршувањето на првенството стана прволигаш

Доброто работење и колективниот дух на Мал Ајакс ги даде очекуваните резултати.За само 12 кола во Втората лига, Мал Ајакс стигна до Првата футсал лига, иако има уште да се игра. Денеска Мал Ајакс славеше во градот херој- Прилеп. Ја победи екипата Град херој со 4-1. По два гола постигнаа Љупчо Тиквешанац и Бобан Цимисиќ,
„Прикажавме уште една одлична игра . Во Прилеп без проблеми стигнавме до трите бода. Сега на второпласираната екипа на табелата и побегнавме за 5 , а на третопласираната за 11 бодови. Првите две екипи од Втората лига ќе бидат нови членови на Првата лига. До крајот на Втората лига ќе им дадам шанса на сите фудбалери, за да се здобијат со искуство . Очекувам и во Првата лига да постигнеме големи резултати…“- вели Влатко Манев, педагог кој со другите тренери во Мал Ајакс извонредно ги води во сите возрасни категории .

Штипски асови

Слични Новости

Го лизнаа во Јунајтед, сега се лизна сам

trajce jovanov

Линдзи не ги покажаа скиите.

trajce jovanov

Пролет во Лига на шампиони , со нови правила

trajce jovanov

Leave a Comment