Почетна / Спорт / Маратонци браво!!!

Маратонци браво!!!

И годинава се одржа традиционалниот скопски маратон. Во полумаратонот, на 21 километар учествуваа вкупно 735 мажи и 241 жени. Штипјани беа во центарот на вниманието и по резултатите и по масовноста. Сите на крајот им честитаа на штипските атлетичари кои учествуваа на полумаратонот и постигнаа мошне добри резултати. Посебно треба да се издвојат резултатите на Радица Јованова, која стигна 11 на целта и на Зоран Саздов, кој беше 21. Веднаш зад него на 22 место се пласира Иван Радев, еден од најмладикте учесници.. Од Штип учествуваа вкупно 20 рекреативци, но и некои активни спортисти, атлетичари, кои сме ги гледале и на други маратони, пред се планински.Во женска конкуренција Радица Јованова беше 11, по неа следуваат Радмила Јованова 23, Јелена Ставрова 32, Мери Шорова 52, Мери Митевска 57, Биле Тунева 61, Симона Трајкова 94, ЈАсмина Ѓуркова 148 , Наталиа Кирова 158 Александра Григорова 193. Мажи Зоран Саздов 21, Иван Радев 22, Кирил Шоров 73, Тони Гаврилов 123, Даниел Стојков 171, Даниел Ефремов 250, Кристијан Паратиков 281, Костадин Киров 314, Алкександар Младеновски 529 и Нестор Ставрев 618.

Штипски асови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *