Почетна / Избор на Уредникот / Маја Кикириткова , со нов проект “Елеазар“

Маја Кикириткова , со нов проект “Елеазар“

“Елеазар“ е новиот проект на штипјанката Маја Кикириткова Трајковски.Таа со овој проект по неколку годишна пауза, на модната сцена и го дава своето  креативно засилување со пролетна колекција во препознатливи пастелни бои надополнети со белата и црната како задолжителни бои во гардероберот, зачинети со тантела за надополнување на женственоста.

“Елеазар“ ќе претставува колекција „ready to wear“ или наменета за сите динамични жени,овозможувајќи одговор за секој нов предизвик во денот.Оваа уникатна колекција содржи уникатни парчиња облека кои наскоро ќе бидат достапни за секого преку онлајн продавница. Кикириткова-Трајковски е добро позната на модната публика години наназад преку своите колекции, во кои може да се пронајде секоја самостојна девојка или жена, јака, силна, независна од никој, која не се плаши од никакви предизвици во животот.

Моментално Кикириткова своето знаење го пренесува на универзитет за мода во Приштина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *