Почетна / Балкан / Мајката на оставеното бебе се пишмани, го однесе бебето во Швајцарија

Мајката на оставеното бебе се пишмани, го однесе бебето во Швајцарија

Приказната за оставеното бебе во такси возило во Врњачка Бања доби неочекуван пресврт. После скоро месец поминат на одделението на неонатологија во Општата болница „Студеница“, мајката која го остави девојчето во такси возилот, заедно со таткото си го земала од болницата и го однела во Швајцарија, каде парот живее 20 години.

Несреќното бебе првите години од животот ги помина во болница, без родители.

Напредувало, а социјалните служби утврдиле дека се стекнале со услови за детето да биде предадено на родители. Стручен тим од Центарот за социјална работа од Трстеник на кој поради месни надлежности му припадна случајот, проценил дека родителите се подготвени да се грижат за детето, без оглед на фактот дека претходно го напуштиле, па девојчето им било вратено.

Имено, работниците од Центарот во Трстеник на почетокот воспоставиле врска со социјалните служби од Швајцарија, каде таткото и мајката кои имаат седум деца, веќе 20 години живеат и работат. Потоа семејството било на евиденција од Службите за социјална помош во Швајцарија, бидејќи претходно имале брачни и семејни несогласувања.

Таткото веднаш откако дознал што се случило, дошол во Трстеник бидејќи по потекло е од таму и цело време соработувал со Центарот за социјална работа.

Да потсетиме, мајката го оставила бебето во такси возило во корпа и рекла дека е мачка. Инаку таа се породила во село Јасиковиц во Трстеник, а со оглед на тоа дека е медицинска сестра, се породила сама, но не го загрзоила бебето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *