Радио Штип
Занимливости

Мајмуни од ЗОО организираа, организирано бегство

Шимпанза искористија гранка за да побегнат од своето живеалиште во зоолошката градина во Белфаст, северна Ирска, во саботата. Чуварот на зоолошката градина, наместо да ја признае вината, за немилиот настан ја обвинил бурата.

Имено, тој посочил дека силниот ветер предизвикал кршење гранки од дрвјата, кои им овозможиле на шимпанзата да остварат билска средба со посетителите, пишува „Сан“.

Мајмуните собрале една поголема скршена гранка и ја искористиле како скала за да се искачат по високиот ѕид и да побегнат.

Слики и снимки од овој настан се појавија и на социјалните мрежи. Посетителите биле шокирани и вознемирени кога виделе шимпанзо на патеката во центарот на паркот.

Други мајмуни биле снимени како седат на ѕидот. Големото бегство завршило кога службата успеала да ги врати животните во нивното живеалиште.

Ова е втор инцидент во зоолошката градина за кус период кога неодамна исчезна црвена панда поради дефект на електричната ограда околу нејзиното живеалиште.

Животното беше пронајдено пред куќа во непосредна близина на зоолошката.

Слични Новости

Шенки не јаде дренки, но затоа има гаќи од 188 евра

trajce jovanov

Угул гол, чисти куќи…

trajce jovanov

За прв пат во Македонија, “Firsт lego” натпревар

trajce jovanov

Leave a Comment