Почетна / Занимливости / Ма каков “Мерцедес“ , ‘Опел“ или “Ауди“, дајте ни Лада сакаат Германците

Ма каков “Мерцедес“ , ‘Опел“ или “Ауди“, дајте ни Лада сакаат Германците

Германските љубители на автомобили почнаа интерсна петиција со која бараат враќање на возилата на Лада на пазарот на таа земја.

Петицијата е почната со поддршка од локалниот дистрибутер, компанијата Лада Дојчланд, а објавена е на страницата https://weact.campact.de/.

Потписниците се обраќаат до произведувачот на Лада, АвтоВАЗ, и корпорацијата Рено Нисан Мицуниши во чија сопственост е руската компанија.

Исто така, петицијата е упатена и на адресите на германското министерство за економски развој и руската амбасада во Берлин.

Иницијаторите на петицијата сметаат дека Лада мора да се врати во Европа бидејќи „нуди широк избор на специфични модели кои, пред сѐ, се достапни на сите, а веќе околу 40 години имаат обожаватели и постојан број купувачи во Германија и во ЕУ“.

Лада се повлече од пазарот на ЕУ во мај 2019 година, а испораката на автомобили беше прекината. Лада Дојчланд изрази жалење поради таквата одлука на АвтоВАЗ.

За илустрација, лада веста СВ крос со 1,6-литарски бензинец со 102 коњски сили во Германија чинеше од 17.800 евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

300 милиони долари е “дебела“ Парис Хилтон

Парис Хилтон е најпозната како наследничка на прочуениот луксузен ланец на хотели Хилтон, кој ‘тежи’ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *