Почетна / Избор на Уредникот / Мерка во континуиитет:Администрацијата да работи по кафеаните и кафетериите.

Мерка во континуиитет:Администрацијата да работи по кафеаните и кафетериите.

Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Комисијата препорачала да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21 часот.

„Ова се однесува и на работата во државната и јавната администрација, општините и судовите, односно организирањето на работата останува исто – да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека во овој момент здравствената ситуација со Ковид-19 е само стабилна, но не и намалена.

Здравствените власти апелираат граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи, како што велат, истите даваат резултати.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *