Радио Штип
Спорт

Младиот Христијан Јованов рамноправно се носеше со натпреварувачите од 21 година

Во натпреварите во џиу џицу, македонските момчиња се рамноправни и на европските шампиони и најдобрите на светската ранг листа. Тоа се потврди и на последниот европски куп во Марибор, каде учествиваа и членовите на Осенсеи-Балекс од Штип.
Христијан Јованов, иако има само 17 години, се спротистави на момчиња кои имаат 21 година. Победи во две средби и две загуби. Го освои бронзениот медал. Победникот во неговата категорија е европски вицешампион , а второпласираниот е шампион на Европа. Двајцата ги заземаат првите пет места на светската ранг листа. Христијан Јованов од двајцата загуби со по два поена разлика.
„Можев и да ги изненадам. Водев голема борба и со двајцата.Се до крајот на средбите не се знаеше победниот. Настапив и во една категорија повисоко. Јас имам 78, а настапив во категорија до 87 килограми. Секогаш сум подготвен за предизвици. Задоволен сум од моите настапи во Марибор. Ќе има и подобри резултати…“- вели штипското скромно момче, Христијан Јованов, кој со успех ги брани боите на Осенсеи- Балекс..

Штипски асови

Слични Новости

Ѕола ќе го предводи Челзи по катаклизмичниот пораз од 0:6

trajce jovanov

Гробари, мафија и банда без команда, не се плаши од АСМ.

trajce jovanov

Пинг-понг плеј офф без штипјани

trajce jovanov

Leave a Comment