Почетна / Спорт / Младоста не можеше против искуството

Младоста не можеше против искуството

Искусните одбојкари на Универзитет од Тетово, кои се меѓу најдобрите во Македонија, вечерва пред ТВ екраните на МРТВ во Тетово ја победија младата и неискусна екипа на УГД Студент со 3-0 во сетови. Штипските одбојкари не можеа ништо да сторат, освен посериозен отпор на домаќинот. Во штипската екипа се најдоа и 4 млади одбојкари, иднината на одбојката во Штип и Македонија- Давид Киров, Михајло Мирасчиски, кои играа во првата постава, а подоцна во игра влегоа и Кирил Глаев и Трајче Барбареев, кои имаат само по 16 години. Во третото коло идниот викенд во Штип гостува екипата на Добри Волеј и се очекува прва победа на штипјани во првенството.

Штипски асови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *