Почетна / Избор на Уредникот / Мостот ја голта Брегалница

Мостот ја голта Брегалница

Светот има огромен број на мостови, препознатливи  за растежот за дострелите  на нациите.Во Штип на реката Брегалница во 17 век (1672 година) Османлите изградиле мост.

Сега познат како Емир Ќучук султанов мост, уште понародски познат како “Камен мост“.Го изградиле таму бидејќи тоа била најкратката дистанца помеѓу двата речни брега.Го изградиле и тој и по 4.5 векови стоечки ги издржува предизвиците на модерното време.Тој мост е артеријата на градот.

Наскоро Штип ќе добие нов мост.Мостот нема да биде така убав, како камениот, можеби ќе биде функционален како него, но и тоа е дискутабилно.Турците градејќи го мостот не го крателе коритото на Брегалница, граделе според нивните пресметки  и го направиле мостот.

Овие сегашните градители, малку им беше што уништија водоснабдителен систем, туку им текна да го стеснуваат коритото на Брегалница.Се носат грамади камења, се истура тони песок.Коритото на Брегалница на тоа место сега не е подолго од 3 метри.Кому ли му паднало таква идеа, дали на нашиве модерни планери на развојот на градот или на изведувачите.Ќе речат секако ќе речат тоа е поради статиката на мостот, а што е со биодиверзитетот.Или реката Брегалница никој повеќе не ја смета за река,па на кој како ќе му текне.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *