Почетна / Занимливости / Мотивации за младите

Мотивации за младите

Утре во Дом на млади ќе се одржи средба со Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ, на која таа ќе одржи мотивациски говорења наменети за младите.Елена е новинар, телевизиски и радио водител, а своето образование го надоградува во полето на управување и развој на човечки ресурси. Како писателка, нејзината креативна енергија ја преточува во поетски и прозни дела. Нејзиното седумгодишно искуство како уредник на емисијата „Лабораторија на идеи“ и дава уште поголема енергија за да влијае на зголемување на свесноста за моќта што секој поединец ја има за својата конструктивна лична промена. Големиот број разговори од областа на психологијата, филозофијата и духовноста што ги реализира Елена, секојдневно придонесуваат за ширење на позитивната мисла што Создателот ја всадил во секое човеково битие.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *