Почетна / Инфо / Моторите не се играчки за деца , предупредува СВР Штип

Моторите не се играчки за деца , предупредува СВР Штип

СВР Штип апелира до сите возачи на мотоцикли  да бидат внимателни и одговорни, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината и да користат кациги и останата заштитна опрема . Исто така, апелираме и до другите учесници во сообраќајот да внимаваат на мотоциклистите бидејќи се работи за една голема ранлива категорија и да ги почитуваат како рамноправни учесници во сообраќајот.

Посебно апелираме до родителите да бидат внимателни и да не подлегнуваат на притисокот и барањата на своите деца, да не им овозможуваат неконтролирано користење на мопеди, без претходно да им обезбедат основни знаења и способности за правилно и безбедно учество во сообраќајот. Мотоциклистите спаѓаат во групата на учесници во сообраќајот кои најмногу се изложени на опасности во сообраќајот и кај кои ризикот за здобивање на смртоносни повреди во случај на сообраќајна незгода е исклучително висок.

Напоменуваме дека и понатаму ќе продолжиме со спроведување на засилени акциски контроли со цел спречување, откривање и санкционирање на оваа категорија на возачи , а со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата како и на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *