Почетна / Инфо / Мртов е пронајден на терасата од станот.

Мртов е пронајден на терасата од станот.

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (10/11/12/13.07) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 59 прекршоци.

На 12.07.2020 во 20.46 часот во СВР Штип, било пријавено дека на тераса од стан на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип бил пронајден починат Ж.М.(31) од Штип. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Штип било констатирано дека на телото на починатиот нема траги на насилство и било предадено за погреб. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

На 12.07.2020 во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 13.20 часот на ул.„Ванчо Китанов“ во Пехчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу  помеѓу Ф.А.(36)  и  Ш.С.(31), двајцата од Пехчево. По комплетирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *