Почетна / Занимливости / Над 3.000 Македонци сакаат да бидат Марсовци.

Над 3.000 Македонци сакаат да бидат Марсовци.

Вкупно 3,322 лица од државава досега ги дале своите имиња за да им бидат испратени на Марс со мисијата на НАСА, преку аплицирање на веб-страницата на американската вселенска агенција.

Мисијата ќе биде во 2020 година, а одобрените имиња ќе бидат вметнати во микрочип што ќе се монтира на роверот „Марс 2020“.

Лансирањето кон Црвената Планета ќе биде од космодромот во Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида меѓу 17 јули и 5 август идната година.

Апликации може да се испратат до 30 септември оваа година.

Од регионот, своите имиња ги испратиле 19.764 лица од Грција, 8.525 од Србија, 7.113 од Бугарија, 7.051 од БиХ, 6.181 од Хрватска, 4.388 од Албанија, 2.920 од Словенија и најмалку 850 од Црна Гора.

Најмногу имиња досега испратиле лица од Турција – 2.510.603.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *