Почетна / Избор на Уредникот / Народе чувајте се од “вршникот“

Народе чувајте се од “вршникот“

Денес и утре целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Во вакви услови потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:

– Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред сѐ, климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.- Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор.- Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.- Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *