Радио Штип
Балкан

Наследникот на Глифур е во Шибеник. Скокнал од мост и остана жив.

Непознат маж од мост во хрватскиот град Шибеник скокнал директно в море, а и покрај фактот што мостот е висок дури 40 метри, тој преживеал.

„Човекот скокнал од мостот во морето, а го забележале едрилици кои минувале од таму. Човекот е жив и префрлен во болница“, рекла портпаролката на полициската управа од Шибеник-Книн, Марица Косор.

Сите околности за скокот од мостот на засега непознатиот човек полицијата допрва ќе ги испитува, накратко изјавила Косор, а пренесува „24сата.хр“.

Овој висок мост во Шибеник го поврзува Шибенскиот залив на Јадранската магистрала, во близина на утоката на реката Крка.

И во Штип имаше човек сега покоен, кој неколку пати скокаше од мостот на Брегалница,ги преживеа скоковите, почина кога му дојде времето, но не од скок од мост.

Слични Новости

Кај кого е далечинското за косовските лидери?

trajce jovanov

Убиство со чекан во Суботица

trajce jovanov

Се кае што го стрелал Чаушеску

trajce jovanov

Leave a Comment