Почетна / Избор на Уредникот / Национална стратегија за дијабетесот и дијабетичари

Национална стратегија за дијабетесот и дијабетичари

Сојузот на здруженија на пациенти со дијабетес во Македонија упати барање до Министерството за здравство за усвојување на национален план за превенција од дијабетес 2020 – 2030 и изработка на национален регистер за лица со дијабетес со цел, како што наведуваат, подобрување на медицинската грижа на пациентите со дијабетес мелитус, имајќи ја предвид новата реалност предизвикана со вирусот Ковид-19. Особено важно, за здравјето па и животот на лицата со дијабетес, е итно да се вратат сите специјалистички и субспецијалистички прегледи за лицата со дијабетес покрај шестмесечните, да се овозможат интеревенциите на лицата со дијабетес кои имаат комбордитети како шти се неврологија, офтамотолигија – особено за спас на видот“, подвелкуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари и покрај благодарност и изразуваат и надеж дека овие нивни барања и прелози  ќе бидат земени предвид од Министерството за здравсство. Претседателот на Сојузот Диме Велев, не‘ информираше  дека очекува  реактивирање на активностите на штипското здружение на дијабетичари во Штип, кое под раководство на Фаик Јамаковски,било најактивно во Македонија.Велев се осврна и состојбите на терапијата особено со инсулинските игли, велејќи дека има недостаток од разни игли кои им се нужно потребни на дијабетичарите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *