Почетна / Македонија / Наше, а оксфордско…

Наше, а оксфордско…

По  завршувањето на основното образование во Штип, се запиша во  средното училиште Орце Николов во Скопје . Го заврши средното образование со просечна оценка -5! Во родниот Штип  најмногу го „влечеше“ шахот. Прв шаховски учител му беше Тодор Голомеов, познат шахист од Штип. Впрочем, Тодор Голомеов е најголем  „виновник“  за метеорскиот пробив на младото момче. Од Скопје, по завршувањето на средното образование , се запиша на престижниот Универзитет ОКСФОРД, со македонска стипендија.

Станува збор за 18 годишниот Филип  Михов, кој  ја посетува првата година на Универзитетот Оксфорд, информатичка насока. Филип Михов е и одличен шахист. Тој  не крие дека  за  она што е сега  најголем придонес има Тодор Голомеов, кој  го  „заразил“ со информатиката и шахот.

„На Универзитетот во Оксфорд  се води грижа за се. Бев среќен кога ми сооштија  дека  јас треба да ги бранам боите на  мојот Универзитет, како член на екипата во средбата со Универзитетот во Кембриџ. Двата универзитета имаат една голема, стара традиција. Таа  постои од  1873 година. Таа традиција била прекината само во Втората светска војна. Годинава во Лондон  се одигра  137 меѓусебна средба на  студентите на Оксфорд и Камбриџ. Имав чест да играм  за екипата на Оксфорд во која и во екипата на Кембриџ играа многу познати велемајстори од целиот свет, меѓу нив и познатата светска шампионка  Хоу Јифан. Нашата  екипа победи со  4,5 – 3,5. Јас  забележав победа играјќи со  црни фигури  и донесов победа на Оксфорд  репрезентацијата. Неколку познати светски велемајстори ги коментираа партиите пред посетителите….“- ни изјави Филип Михов. Токму фотографијата  која може да се забележи  на ФБ  е  шаховската  репрезентација на  Оксфорд, во која играше и Филип  Михов

Младото момче сака еден ден да биде и интернационален ФИДЕ мајстор, а потоа и велемајстор.Филип Михов во 2017 година беше младински првак на Македонија, а 2016 година победи на отвореното првенство  за сениори во Парачин. Филип Михов , по завржувањето на Универзитетот Оксфорд,ќе се врати во Македонија.

„Имам стипендија од Македонија и ќе се вратам во нашата држава. Ќе продолжам да играм шах во слободното време, останувам член на  нашиот најдобар шаховски клуб Алкалоид. Уште еднаш упатувам благодарност до Тодор Голомеов кој ме научи во тајните во шахот и информатиката, но и до целото мое семејство во Штип, кое секогаш ме поддржува. Јас ќе возвратам – да бидам добар  студент во Оксфорд и на време да ги завршам студиите. На овој универзитет студираат уште  7  Македонци. Се дружиме и си помагаме…“- додаде на крајот Филип Михов.

Штипски асови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *