Радио Штип
Спорт

Најпознатиот пинг-понгар меѓу лекарите Д-р Венцо Шопов

Малку позната работа е дека Д-р Венцо Шопов е еден од најпознатите пингпонгари во Штип. Вистинска спортска легенда. Доста е комуникативен, не само со спортистите, туку и со пациентите.Со носталгија се присетува на убавите времиња на пингпонгот Зачетоците на пингпонгот во Штип датираат од 5 мај 1950 година, кога првпат со целулоидното топче почнаа да играат Тодор Кралев, Михаило Балов и Генчо Наков.иницјаторите за формирање пингпопнгарски клубСе приклучуваат и Димитар Бардаров, Димитар Гочев, Мирко Наџаков, Звонко Прилепчански,Ванчо Брашнарски,Борис Нушевски, Трајче Барбареев,Драги Јорданов, Олга Стојанова, Наташа Манева , Катерина Николиќ, Ана Радосављевиќ, Даниела Делева,Мите Ефтимов, Ристо Лазаров, подоцна и Сашко Богатинов, Филип Младеновски, Петар Костовски, браќата Кире и Ване Барбарееви,Александар Кралев, Сашко Смолиќ..Познати се лекарите кои се занимавале со овој спорт, пред се Жан Митрев, Сашко Ќедев,и Венцо Шопов, уролог
„Во Штип имаше повеќе пингпонгарски генерации.. Не сакам да ги споменувам . Можеби некој ќе ми се налути. Но, факт е дека порано се играше квалитетен пинг понг,, многу млади почнуваа во пингпонгот, па подоцна да се префрлуваат во други спортски дејности, каде има и пари. Пингпонгот е динамичен спорт, постојано можеш да се движиш, , а тоа помага на младите да немаат деформации .Знам и со гордост зборувам за генерациите кои 2014-2016 година донесоа три титули на Штип. Јас и сега понекогаш играм пинг понг. Мојата порака до младите е да го сакаат овој спорт, посебно би посакал да има пингпонгарски маси во сите училишта, тогаш ќе има и поголем интерес и масовност, со тоа и квалитет во овој спорт…“- вели познатиот уролог, поранешен пинпонгар , д-р Венцо Шопов.

Штипски асови

Слични Новости

Продавањето на Роналдо беше историска грешка на Реал

trajce jovanov

Новинарска бламажа:Влатко Костов и Вујадин Станојковиќ немале врска со фудбалот

trajce jovanov

Емил Павлов и Жарко Арсовски на ЕП во Шпанија

trajce jovanov

Leave a Comment