Радио Штип
Занимливости

Најубавото политичко деколте

Длабокото деколте на бразилската пратеничка Ана Паула да Силва на полагањето заклетва предизвика остри реакции во Бразил.

Како што наведува „АП“, таа се најде во центарот на вниманието во бразилските медиуми и на социјалните мрежи поради облеката која ја носела на 1 февруари.

Многумина нејзиниот моден вкус го нарекоа непристоен, шокантен и вулгарен, додека според други облеката не е важна.

Да Силва се огласила на Фејсбук, бранејќи го својот избор на облека.

„Овој мачо свет полн со предрасуди во кој живееш не е мој свет“, му одговори на еден маж кој ја праша како нејзиното деколте допринесува за демократијата.

Како што изјавила, таа сведочела како многу мажи во одела и кравати грабаат пари од здравствениот систем, што смета дека е неприфатливо.

 

Слични Новости

Совет на млади повик за филм за Штип

trajce jovanov

Угул гол, чисти куќи…

trajce jovanov

“Ежот“ во Дом на млади

trajce jovanov

Leave a Comment