На училиште?!!

Веќе е речиси извесно дека училиштата во земјава, каде бројот на деца е многу мал ќе имаат редовна настава со секојдневно одење во училиште, единстевно што треба да договорат е како ќе работат оние училишта каде има огромен број деца во паралелките. Единствено што ќе треба е да се придржуваат до општите здравствени протоколи, што значи дека и децата и наставниот кадар, и воопшто останатите вработени во училиштето треба да носат маски, да одржуваат растојание и да се внимава на хигиената, односно дезинфекција во училниците, тоалетите, кујните, велат од Комисијата за заразни болести. Поголем проблем е организирање на наставата во училиштата со многу деца, потенцираат надлежните, посочувајќи дека некои паралелки бројат и над 30 ученици. Сепак, како што истакнуваат, не би имало никаков проблем, односно заразата со корона вирусот би била целосно под контрола ако наставата се организира сменски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *