Почетна / Балкан / На Хрватска и фалат и доктори и сестри и техничари, колку што ги има во Македонија.

На Хрватска и фалат и доктори и сестри и техничари, колку што ги има во Македонија.

Во Хрватска има 62 болници и повеќето од нив се соочуваат со недостиг на персонал. Во моментот во регистарот на медицински сестри има 40.224 медицински сестри и техничари. Се проценува дека недостигаат речиси уште 12.000 за исполнување на стандардите на ЕУ.

И состојбата со лекарите не е многу подобра. Според податоците на хрватската Лекарска комора, во јавниот систем се вработени 13.613 лекари. Од нив, 13.342 се вработени со полно работно време, а 271 се лекари во пензија, кои работат до четири часа.

Според податоците на Комората, специјалистите одработуваат повеќе од три милиони прекувремени часови годишно, па така е пресметано дека им недостигаат 2.000.

Најголем недостиг има на педијатри, анестезиолози, радиолози, доктори по семејна медицина и гинеколози.

Покрај овие бројки, лоша вест е тоа што во наредните десет години во пензија ќе заминат дури 4.000 доктори, претежно од семејна медицина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *