Почетна / Свет / На чело на ЕУ одлична, супер мајка со седум деца.

На чело на ЕУ одлична, супер мајка со седум деца.

Таа е мајка на седум деца, поборник за родова еднаквост, која течно зборува француски, германски и англиски.
Родена е на 8 октомври 1958 во Брисел, но на 13-годишна возраст со семејството се сели во Германија, каде нејзиниот татко застанува на позицијата премиер на Долна Саксонија.

Поради безбедносни причини, Урсула ги поминува студентските денови во Лондон под лажното име Роуз Ледсон. Иако во британската метропола студира економија, по нејзиното враќање во Германија, дипломира медицина, а потоа специјализира гинекологија.

Како мајка на седум деца, голем дел од 90-тите години ги посветува на семејниот живот како домаќинка, а четири години живее и во Калифорнија, каде нејзиниот сопруг работи во Станфордскиот универзитет.

Фон дер Лајен е дел од од Христијанско-демократската унија уште од 1990 година, но станува активна во германскиот политички живот дури во 1999 година. Таа е лојален сојузник на канцеларката Ангела Меркел и до неодамна важеше за нејзин потенцијален наследник.

Пред да биде избрана за претседателка на ЕК, фон дер Лајен раководи со неколку германски министерства. Од 2005 до 2009 година ја има позицијата на федерална Министерка за семејство и млади, од 2009 до 2013 година е Министерка за труд и социјална политика, а во 2013 станува прва жена на позицијата Министер за одбрана на Германија.

Харизматичната фон дер Лајен со елегантниот стил, имиџот на супермајка на седум деца со железна дисциплина и импресивниот говор пред ЕП, Урсула освои 383 гласови од европратениците.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *