Почетна / Избор на Уредникот / Некогашното самоволие на градоначалник , ќе го платат ли граѓаните.

Некогашното самоволие на градоначалник , ќе го платат ли граѓаните.

Градоначалникот на Штип Сашо Николов, ја има најодговорната задача, да пресуди за нешто што не го креирал, ниту создал.Сепак тој е градоначалник и тој ја застапува општината, која ја создаде урбанистичката, правната, економската , социјалната и оруптивната криза наречена “Трговски центар“.Второстепената комисија при Министерството за  транспорт и врски донесе конечно извршно решение околу урбанистичкиот феномен Трговски центар.Во решението на кое нема право на жалба, треба да се врати во првобитна состојба холот на трговскиот центар, тоа знчи рушење на коцкарниците и обложувалниците.Тече периодот и ,за враќање во првобитна состојба на тие што го градеа надворешниот дел на трговскиот центар.Причина за ваквото решение е тоа што при носењето на одлука да се додели дозвола за градење бил свесно прескокнат фактот дека во трговскиот центар треба да има паркинзи во самиот објект, и тоа според стандардите на околу 60 метри квадратни површина треба да има еден паркинг.Тоа трговскиот центар го нема.Другите узурпираа јавно прометна површина.Актуелното правосилно решение подразбира одделението за катастар да ги избрише сите сопственици на дивоградбите .Сегашните правни и урбанистички советници  на градоначалникот  и тогаш пред 5 и пол години лажеа , правеа законски невалидни документи само да го подржат самоволието на тогашниот градоначалник Илчо Захариев.Тоа го прават и сега , го советуваат градоначалникот на Штип да не брза туку да чека правна разрешница од новите тужби кои најверојатно ќе ги покренат тие што на диво градеа и продаваа.Лошите советници на градоначалникот имаат мотив да избегнат кривично гонење поради лажењето и изработката на несоодветни документи за градење, што е кривично дело.Ним им е баш сеедно за актуелниот градоначалник, гледаат да си ја спасат бирократската кожа.Дури, тие сега стравуваат и од тужбите на тие што узурпираа и градеа надвор од Закон, бидејќи општината им дозволи да го прават тоа што го правеа.На стручните советници им е сеедно што штетата од нивното самоволие ќе треба да ја платат граѓаните на Штип.На крајот ним им е сеедно, што луѓе сопственици на деловен простор останаа без егзистенција, па на позни години мораше да заминат во странство и да работат колку да преживеат.Да не говориме за психолошките трауми ,на тие што се жалеа, и што трпеа секакви закани од божемните инвеститори , кои испраќаа нескриени закани кон сите други кои се бореа за својот имот и својот живот.Администрацијата на општината Штип, поготово тие што учествуваа во трговскиот центар, час поскоро треба да бидат казнети и избркани од работа.Ова што сега тие го советуваат градоначалникот,е чиста коруптивна дејност.Македонија со ваква администрација нема да се одлепи од дното на земјите кои имаат висок степен на корупција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *