Почетна / Избор на Уредникот / Некој заборавил да ги информира учениците дека со училишна матура нема факултет.

Некој заборавил да ги информира учениците дека со училишна матура нема факултет.

Пискотниоци се слушаат во фоаје на Домот на културата “Ацо Шопов“, каде се примаат документите за запишување на студии на еден од факултетите на Универзитетот Гоце Делчев.

Најмногу лелекаат врескаат, колнат и пцујат татковци и мајки, на средношколци кои не полагале државна матура.Со измените на законот за високо образование тие повеќе немаат право да се запишуваатна факултет.

Родителите и учениците никој во средните училишта пред пријавување на полагањето на матура не им кажал дека за запишување на факултет задолжителна е државна матура, а не училишна

.Сега со промената губат сите.Губат учениците кои една година ќе паузираат за да полагаат државна матура, губат и универзитетите кои нема да ги пополнат квотите со нови студенти.Над 500 кандидати се пријавија за запишување во прва година на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на првиот ден од првиот уписен рок. Со тоа започна трката за едно од 4404 слободни места на 12 факултети и три академии, а во првиот уписен рок документи ќе се поднесуваат до 2 септември.- Најголем интерес, според очекувањата, има на Факултетот за медицински науки, но и останатите факултети имаат задоволителен број на пријавени кандидати. Засега можеме да оцениме дека интересот е во рамките на она што се случуваше и во изминатите две-три години – изјави проректорот за наука, проф. д-р Кирил Барбареев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *