Почетна / Бизнис / Неликвидни тие што цицаат пари од народот.

Неликвидни тие што цицаат пари од народот.

Неликвидноста останува сериозен проблем покажува и најновата листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) според која граѓаните и компаниите на државата по основ на неплатени даноци, придонеси, акцизи и царини и должат над 160 милиони евра.На списокот има 4.500 неплаќачи. АД ТЕ-ТО – Скопје е прв на црната листа – долгот по разни основи достигнува 15,7 милиони евра. Голем дел од компаниите што и должат на државата како и досега се јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост, општини и слично. На листата се најде ЈП за Одржување на магистрални и регионални патишта кое должи скоро 5 милиони евра, загубарот Еурокомпозит од Прилеп кој должи 2.3 милиони евра, како и ЈКП Тетово со долг од 2.13 милиони евра.На непосакуваната листа на должници се најде и Бетон Скопје, Винарската визба Повардарие од Неготино, МРТ, ЈП за стопанисување со спортски објекти, Фабриката за шински возила од Велес и други.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *