Почетна / Избор на Уредникот / Немаш маска, плати глоба од 1.200 денари

Немаш маска, плати глоба од 1.200 денари

Полицијата ќе може да го казни секој граѓанин со 1.200 денари (20 евра) казна доколку на себе не носи заштитна маска. Оваа нова уредба се очекува да стапи на сила од утре, откако денеска таа на владина седница ќе биде предложена и образложена од министерот за здравство Венко Филипче. Тој на вчерашната он лајн прес конференција рече дека ќе предложи граѓаните кои не носат заштитна опрема надвор да се казнуваат.Ставот на Министерството за здравство уследи откако по скратувањето на полицискиот час дел од граѓаните не ги почитуваат мерките за задолжително носење на маски во затворен простор, но и додека шетаат на отворено и не одржуваат дистанца од два метри. Глобата за граѓаните за непочитување на мерките изнесува 20 евра.За правните лица што нема да обезбедат заштитна опрема на своите вработени, пак, казната е 2.000 евра, а за одговорното лице во фирмата казната е 500 евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *