Радио Штип
Црна хроника

(Не)Мајките кои се породија и ги фрлија бебињата, само условно осудени

Две условни казни за кривичното дело „убиство на дете при пораѓање” досуди Основниот суд во Куманово. Во првиот случај условна казна ѝ е изречена на мајката од Матејче, општина Липково, која родила живо бебе и го фрлила во канта за отпадоци, па во река без никој да ја види. Условна казна ѝ е изречена и на студентката од Скопје што се породи на граничниот премин Табановце и која своето живо новороденче исто така го фрли во канта за ѓубре. И во двата случаи бебињата потоа беа најдени починати.

Основниот суд во Куманово 19-годишната А.М. од липковското село Матејче, која го роди своето бебе во тоалет, па го фрли во река, ја прогласил за виновна и изречена ѝ е условна затворска казна од една година, која нема да се изврши ако таа не стори друго кривично дело во следните три години.

Девојката го признала сторувањето на кривичното дело.

За обвинетата А.М. полицијата поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека девојката откако добила породилни болки, се затворила во бањата, каде што родила живо женско дете, кое потоа го ставила во канта за отпадоци и го фрлила во река зад семејната куќа. На местото беше извршен увид и било пронајдено мртвото новороденче. Чедоморството се случило на 18 август 2016, кога А.М., која била во поодмината бременост, почнала обилно да крвави и се породила во веце шолја. Потоа го фрлила бебето без никој да ја види. Во меѓувреме ѝ се влошила здравствената состојба, па родителите ја однеле на лекар во Кумановската болница. При преглед гинекологот утврдил дека дека девојката се породила во последните 24 часа. Случајот беше пријавен во полицијата.

Условна пресуда е изречена и за случајот со студентката што се породи на граничниот премин Табановце и го фрли бебето во корпа за отпадоци.

Тамара И., студентка на еден од факултетите во Скопје, во март 2016, патувајќи на апсолвентска екскурзија во Прага, се породила, а живото бебе го фрлила во корпа во тоалет.

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинетата ја прогласи за виновна и ѝ изрече условна затворска казна од една година и шест месеци, која нема да се изврши ако таа не стори друго кривично дело во следните три години.

Истрагата покажала дека Тамара се пожалила на болки во стомакот, по што заедно со една другарка успеала да влезе во службениот дел за цариниците на Табановце. Тамара се породила во тоалетот, го фрлила бебето во кантата за ѓубре, го покрила со тоалетна хартија и се вратила во автобусот. Мртвото бебе било пронајдено утредента од чистачката. Тамара тогаш веќе била во Прага.

Од безбедносните камери полициските инспектори лесно детектирале која девојка влегла во службениот тоалет и од организаторот на екскурзијата побарале во Прага да се изврши гинеколошки преглед за Тамара. Таа, кога се вратила од апсолвентската екскурзија во Чешка, била приведена, а потоа и пуштена да се брани од слобода.

За нејзината бременост не знаел никој, ни нејзиното момче, ниту пак нејзините родители и другарки.

Слични Новости

Снаата, нападната од свекорот

trajce jovanov

Лудило, лудило, или крајна изопаченост

trajce jovanov

Спасовски тврди дека трговија со органи во Македонија непостои.

trajce jovanov

Leave a Comment