Почетна / Занимливости / Нема “Евровизија“ по старо.

Нема “Евровизија“ по старо.

Европската радиотелевизиска унија (ЕБУ) објави новост во врска со овогодинешниот Еуросонг кој би требало да се оддржи во Ротердам. Откако минатата година беше откажан поради пандемијата од коронавирусот, организаторите се погрижија оваа година да не дојде до таков расплет, пишува хрватски „Индекс“.

Уште на есен понудија неколку можни сценарија за организација. Сценариото А вклучува нормална организација, како и сите претходни години со вклучена публика и изведувачи на бина во живо. Меѓутоа, ова сценарио дефинитивно е отпишано, па во игра се Б, Ц, или Д.

Во сценариото Б просторот за публика се намалува до 80%, а новинарите во прес-центарот смеат да бидат до 500, и уште 1.000 онлајн. Сите изведувачи и посетители кои би пееле во живо треба да држат дистанца од 1,5 метри.

Во сценаријата Ц и Д, никој од изведувачите и членовите на делегациите не би отишле во Ротердам, туку настапите би се емитувале во живо од студијата на националните телевизии. Во сценариото Ц публиката би била во сала, а сите новинари би присуствувале вирално. Најстрогото сценарио, Д, предидува шоу без публика во салата и без дополнителни настани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

300 милиони долари е “дебела“ Парис Хилтон

Парис Хилтон е најпозната како наследничка на прочуениот луксузен ланец на хотели Хилтон, кој ‘тежи’ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *