Радио Штип
Црна хроника

Не се сите Македонци Срѓан Керим.

Тројца македонски државјани се приведени од српската полиција поради шверц на динари. Триесет и деветгодишниот Македонец, со автомобил „алфа ромео“, во кое се превезувале уште две негови сонароднички, завчеравечер се пријавил за излез од Србија на преминот Градина со Бугарија. На прашањето дали има нешто да пријави, возачот одговорил негативно, но цариниците одлучиле да го издвојат возилото за детален преглед.

„Интуицијата не ги излажала, затоа што под патосниците на совозачкото место пронашле кеса полна со пари, за кои веднаш се посомневале дека се лажни. Сомнежот не го предизвикал квалитетот на парите, напротив, тие било одлично изработени, туку необично било зошто некој се обидува да криумчари динари“, пишуваат белградските весници.Изброени биле околу 100.000 динари (околу 50.000 денари) во апоени од по 2.000 динари. Се претпоставува дека идејата била лажните пари да се сменат во евра или во некоја друга валута во менувачниците во Бугарија.

Слични Новости

Убиен дивеч од “Осогово“ за 1.800.000 евра

trajce jovanov

245 странски државјанки уапсени од полицијата

trajce jovanov

Му се “опна“ на казиното

trajce jovanov

Leave a Comment