Почетна / Избор на Уредникот / Не слегува правта за “Proud”, за Тамара, за авторскиот тим за гласањето…

Не слегува правта за “Proud”, за Тамара, за авторскиот тим за гласањето…

„Србија даде максимален број поени на Македонија, Тамара Тодевска втора во финалето на Евровизија по гласовите на жирито“, пишува српски Блиц.

„Тотален пресврт! По гласовите од публиката настана хаос во Израел. Ова е победникот на Евросонгот, Србија го освои 17-то место“, пишува српски Курир.

„Холандија ја однесе победата на Евровизија, на Македонците за малку им избега тронот“, пишува Еспресо.

Бугарската Нова тв пренесува дека интригативно почна гласањето и Македонија беше во првите 3.

Хрватски 24 сата наведува дека Македонија е разочарана и дека Холандија слави.

Нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ, која и сама ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2014 година, по објавување на резултатите порача дека ова е најголем успех до сега.

„Љубави моја, ти си моја прва светлост, ти си мојот херој! Ова што ти го направи е најголем успех ever! Многу те сакам!!! Гордан сум до небото и назад!“, напиша Тијана.

Пејачката Марија Шерифовиќ, деновиве даде огромна поддршка за нашата земја и Тамара Тодевска, а револтирана од синоќешните резултати се огласи на „Твитер“.

Таа разочарана напиша дека веќе нема да гледа Евросонг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *